Логото не е бренд. Бојата не е бренд. Брендот е она што луѓето го чувствуваат кога ќе наидат на нешто ваше - пред да прочитаат и еден збор. Ние го дизајнираме тоа чувство.
0.5s за да се остави впечаток
100% доверба по ребрендинг
11+ изградени брендови
Бренд стратегија & идентитет
Позиционирање кое ве разликува.
Во пазар полн со слични понуди, јасната позиција е она што прави некој да избере вас - не конкуренцијата. Дефинираме кои сте, за кого сте и зошто токму вас.
Визуелен идентитет кој носи доверба.
Лого, палета, типографија и визуелен систем - изработени да изгледаат конзистентно и препознатливо на секоја површина, физичка или дигитална.
Тон кој комуницира, не само информира.
Начинот на кој зборувате кажува исто толку колку и она што го кажувате.
Дефинираме глас на брендот кој е ваш - и кој луѓето го препознаваат.
Brand guidelines кои навистина се користат.
Не доставуваме 80-страничен PDF кој никој не го чита.
Правиме практичен водич кој вашиот тим (и секој иден соработник) може навистина да го следи.
Вклучува
· Brand positioning
· Tone of voice
· Лого дизајн
· Боен систем
· Типографија
· Brand guidelines
Графички дизајн & креативи
Конзистентност која гради препознатливост.
Кога секоја креатива изгледа конзистентно - пост, банер, презентација - луѓето почнуваат да ве препознаваат пред да го прочитаат името.
Дизајн прилагоден на каналот.
Тоа што работи на Instagram не работи на LinkedIn.
Она што го стопира скролањето на мобилен изгледа поинаку на десктоп.
Правиме дизајни за контекстот - не само за изглед.
Брзина без компромис.
Разбираме дека маркетингот не чека.
Имаме јасен процес за испорака - без бескрајни ревизии, без чекање со недели за еден банер.
Сè усогласено со вашата стратегија.
Дизајните не постојат сами за себе - секој елемент поддржува поголема маркетинг цел.
Затоа нашата креатива и нашиот маркетинг тим работат заедно.
Вклучува:
· Content стратегија со визуелен приказ на content calendar
· Креирање видеа и креативни дизајни
· Brand Guidelines
· Управување со профили
· Креативни кампањи




