Laser-X
Веб-страница, дигитален маркетинг и бренд идентитет на студио за ласерска епилација

ПРЕГЛЕД
Веб страница
Изработивме модерна, визуелно богата и целосно функционална веб-страница за Laser-X која го пренесува нивното ветување - свилено-мазна кожа со совршен баланс на технологија и грижа.
Предизвик: Клиентите на ласерска епилација бараат доверба пред закажување - сакаат да знаат каква технологија се користи, колку боли третманот и какви резултати да очекуваат, пред воопшто да остават контакт.
Пристап:
Јасно објаснување на технологијата и процесот на третман, без комплициран жаргон.
Прегледни пакети и ценовник за брзо донесување одлука.
Директни, видливи копчиња за закажување термин на секоја страница.
Резултати: 133 закажувања преку сајтот во првите 3 месеци · просечно време задржано на страница зголемено за 200%
Дигитален маркетинг
За Laser-X развивме стратегија за дигитален маркетинг со јасна цел — да го позиционираме брендот како специјализиран центар за ласерска епилација со гарантирани резултати.
Клучни столбови на стратегијата:
Таргетирање на релевантна публика: реклами насочени кон луѓе активно заинтересирани за трајна епилација.
Позиционирање како специјалист: комуникација фокусирана на прецизност, современа технологија и безболен третман.
Едукативна содржина: објаснување на процесот и долгорочните придобивки, за градење доверба пред прв контакт.
Насочување кон акција: секоја кампања води кон порака, консултација или директно закажување термин.
Резултати: 153% раст на барања за консултации · 150 просечна бројка на нови следбеници на социјалните мрежи месечно.
Бренд идентитет
Визуелниот идентитет е граден околу технологија, безболен третман и трајни резултати - препознатлив стил кој се пренесува конзистентно низ реклами, социјални мрежи и веб-страницата.
Свилен процес. Видливи резултати.
Решете ги влакната еднаш, засекогаш.
Закажете веднаш!






